25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвганистанската криза ги вивна до небо американските компании: Вложените 10.000 долари сега...

Авганистанската криза ги вивна до небо американските компании: Вложените 10.000 долари сега вредат 97.295

Доколку се решевте на 18 септември 2001 година (денот кога тогашниот американски претседател Џорџ  Буш го потпиша Законот за употреба на воена сила како одговор на терористичките напади од 11 септември), одлучивте да инвестирате 10.000 американски долари во акциите на петте најголеми Американски компании од воено-индустрискиот комплекс, денес на вашата сметка би имале точно 97.295 долари.

Ова е 58% поголем профит од очекуваното, а во прашање се акциите на компаниите „Боинг“, „Рејтеон“, „Локид Мартин“, „Нортроп Груман“ и „Џенерал Динамикс“.

Овие бројки сугерираат дека, благо кажано, е погрешно да се заклучи дека војната во Авганистан е „неуспех за Америка“. Напротив, од перспектива на некои од најмоќните луѓе во Соединетите Американски Држави и нивната банкарска рамнотежа, дваесетгодишната војна е всушност извонреден успех. Не е изненадување што пензионирани генерали на американската армија седат на управните одбори на споменатите пет компании.

Овој тренд беше дискутиран во 2005 година во документарниот филм „Зошто се бориме“, со посебна паралела со поранешниот претседател Двајт Ајзенхауер и неговото предупредување за активностите и моќта на воено-индустрискиот комплекс.

Поранешниот соработник на ЦИА, академик Чалмерс Џонсон, јасно стави до знаење како ќе се развива ситуацијата во Авганистан:

– Ви гарантирам само едно: кога војната ќе стане профитабилна до тој степен, единственото нешто што ќе го видите се повеќе војни.

Во изјава за порталот „Интерсепт“, Џонсон исто така ја истакна јасната разлика помеѓу перцепцијата за војната во Авганистан во очите на обичниот Американец и политичар.

– Кога просечниот Американец ќе го испрати својот син или ќерка на бојното поле во Авганистан, јасно е дека во неговите очи тоа не делува добро. Меѓутоа, но кога политичар со врски во воено-индустрискиот комплекс и визија за потенцијални договори ја гледа оваа војна, тој гледа сосема поинаква, дебело профитабилна ситуација.

Заработката на петте најголеми компании во бројки:

Вкупна заработка: 872,94% од инвестираните

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 97.294,80 долари

Boing

Вкупна заработка: 974,97%

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 107.588,47 долари

Членови на Управен Одбор: Едмунд Џамбастијани Јуниор (поранешен потпретседател на Специјалното тело што го советува претседателот на Соединетите Американски Држави), Стејс Харис (генерал на воздухопловните сили на Соединетите држави) и Џон М. Ричардсон (поранешен генерал и началник на поморските операции во Морнарицата на Соединетите држави).

Rejteon

Вкупна заработка: 331,49%

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 43.166,92 долари

Членови на одборот: Елен Павликовски (пензиониран генерал на воздухопловните сили), Џејмс Вајнфелд Јуниор (пензиониран адмирал во американската морнарица), Роберт Ворк (поранешен заменик-секретар за одбрана на САД)

Lokid Martin

Вкупна заработка: 1.235,60%

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 133.559,21 долари

Членови на одборот: Брус Карлсон (пензиониран генерал на американското воздухопловство), Џозеф Данфорд Јуниор (пензиониран генерал на американската морнарица)

General Dinamix

Вкупна заработка: 625,37%

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 72.515,58 долари

Членови на одборот: Руди Делеон (поранешен заменик-секретар за одбрана на САД), Сесил Ханеј (пензиониран адмирал на американската морнарица), Џејмс Матис (поранешен секретар за одбрана на САД и пензиониран генерал на морнарицата на САД), Питер Вол (пензиониран генерал на армијата на Обединетото кралство)

Nortop Gruman

Вкупна заработка: 1,196,14%

Акциите од 10.000 долари од 2001 година денес вредат 129.644,84 долари

Членови на одборот: Гери Рагхед (пензиониран адмирал на американската морнарица), Марк Велш Трети (пензиониран генерал на американското воздухопловство)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП