28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите ќе поделат дивиденда од 1,4 трилиони долари во 2021-ва

Компаниите ќе поделат дивиденда од 1,4 трилиони долари во 2021-ва

Се очекува компаниите да поделат 1,39 трилиони долари на своите акционери во 2021-ва година, пишува „CNBC“.

Тоа е само 3% под рекордот пред пандемијата, според студијата на британската компанија за управување со средства „Janus Henderson“.

Исплатата на дивиденда во вториот квартал од 2021-ва година се зголеми за 26% во споредба со претходната година и порасна на 471,7 милијарди долари. Ова е само 6,8% под нивото на вториот квартал од 2019-та година.

„Janus Henderson“ предвидува дека дивидендите што ги дистрибуираат компаниите ќе се вратат на нивоата пред пандемијата во следните 12 месеци.

Нивното истражување покажува дека 84% од компаниите ширум светот ги зголемиле или ја одржувале исплатата на дивиденда во споредба со претходната година.

„Samsung“ го престигна „Nestle“ како најголем исплатувач на дивиденда, а потоа следуваат „Rio Tinto“, „Сбербанк“ и „Sanofi“.

„Samsung“ подели 12,2 милијарди долари на своите акционери, а „Janus Henderson“ предвидува дека оваа сума ќе остане во топ 5 за целата 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП