26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАИзраелско истражување: Третата доза значително ја зголемува заштитата

Израелско истражување: Третата доза значително ја зголемува заштитата

Во четвртокот, Израел ја намали возрасната граница за третата доза на 40 години, вклучувајќи бремени жени, наставници и здравствени работници на возраст под 40 години.

Третата доза на вакцината против „Ковид-19“ на „Фајзер“ значително ја подобрува заштитата од инфекција и сериозни болести кај луѓето над 60-годишна возраст во споредба со оние кои примиле две дози, објави во неделата израелското Министерство за здравство.

Наодите од студијата се совпаѓаат со статистичките податоци објавени минатата недела од Макаби, една од неколкуте израелски организации кои обезбедија засилувачки дози насочени кон спречување на ширењето на варијантата на делта вирусот.

Презентирајќи статистика од Институтот Гертнер и КИ, претставници на министерството рекоа дека меѓу оние над 60 години, заштитата од инфекција 10 дена по добивањето на третата доза од вакцината била четири пати поголема отколку по првите две дози.

Третата доза на вакцината обезбеди пет до шест пати поголема заштита, десет дена по вакцинацијата, кога станува збор за тешка болест и хоспитализација.

Оваа возрасна група е особено ранлива на Ковид-19 и е првата што се вакцинира во Израел.

Повеќето од вакцинираните кои сериозно се разболеа во последните недели беа над 60 години и имаа претходни здравствени проблеми.

Израел почна да ја дава третата доза на оние над 60 години на 30 јули.

Во четвртокот, ја намалија возрасната граница за третата доза на 40 години, вклучувајќи бремени жени, наставници и здравствени работници на возраст под 40 години.

Третата доза се дава само на оние кои ја примиле втората пред најмалку пет месеци.

САД објавија дека планираат да им понудат трета доза од вакцината на сите граѓани, бидејќи заштитата од вакцинацијата опаѓа со текот на времето.

Канада, Франција и Германија ќе го сторат истото.

Во моментов Израел има една од највисоките стапки на инфекција по глава на жител во светот поради ширењето на делта варијантата на вирусот.

Речиси 1,5 милиони луѓе од вкупното население од 9,3 милиони ја добија третата доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП