Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со издавање на лични карти за граѓаните на кои ќе биде впишано новото уставно име на државата – Северна Македонија.
Со цел да се надминат проблемите со издавање на нови лични карти, Владата минатата недела донесе подзаконски пропис со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.

