20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема повеќе бесплатно шетање во Венеција

Нема повеќе бесплатно шетање во Венеција

Венеција планира да им наплаќа на посетителите пристап до градот и да воведе квоти за влез од летото 2022-ра година, објави италијанскиот весник „La Stampa“.

Италијанскиот град, кој е една од водечките туристички дестинации во светот, од идните посетители ќе бара однапред да резервираат пристап до градот, пишува весникот. Турникети ќе бидат инсталирани на главните пристапни точки во историскиот центар на градот.

Мерките за контрола на приливот на туристи се дискутираа веќе со години пред пандемијата речиси целосно да ги прекине посетите на градот во 2020-та година. Оваа година, со бавното продолжување на патувањата, ограничувањата се вратија на дневен ред во време кога најпопуларните туристички дестинации во светот се обидуваат да го ограничат масовниот прилив на луѓе и да го подобрат квалитетот на искуствата и за посетителите и за локалните жители.

Минатиот месец, Италија им забрани на големите крстаречки бродови да пристигнуваат во венецијанската лагуна за да го заштитат местото од прекумерен туризам. Ова може да биде само еден чекор во потрагата за преиспитување и регулирање на масовниот туризам.

Влезот во Венеција може да чини помеѓу 3 и 10 евра, пренесува „La Stampa“. Ова ќе зависи од сезоната и од тоа колку туристи се очекуваат на тој ден. Локалните жители, роднините на локалното население и туристите кои резервирале хотел во Венеција ќе бидат ослободени од влезницата.

Наплатата за посетители останува контроверзна. Локалниот советник Марко Гаспаринети рече дека ова ќе ја претвори Венеција во „тематски парк“, пишува „La Stampa“. Предлага ограничување на пристапот до одредени преполни области во градот, како што е плоштадот „Свети Марко“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП