27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрескокнувањето на доручекот може да предизвика непријатен проблем

Прескокнувањето на доручекот може да предизвика непријатен проблем

Добро е познато дека доручекот е најважниот оброк во денот, затоа што го подигнува метаболизмот и дава потребна енергија на огранизмот.

Многумина сепак се уште не го јадат доручекот од различни причини, но можеби тоа ќе го променат кога ќе дознаат дека токму поради тоа може да имаат лош здив.

Според пишувањето на „Дејли Мејли“, прескокнувањето на доручекот во устата остава бактерии кои инаку би требало да се истераат со храната.

„Ако не го јадете доручекот, имате една од најлошите навики кои предизвикуваат лош здив, затоа што усната шуплина станува сува и полна со бактерии“, вели докторот Мервин Дуриан од Центарот за естетска стоматологија во Лондон.

Уште повеќе бактерии би можеле да настанат ако за доручек се изберат житарки со шеќер.

Наместо тоа, советува Дуриан, би требало да јадете овошје и пиете вода. На тој начин најефикасно ќе ги остраните бактериите од устата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП