2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот соларен лаптоп

Првиот соларен лаптоп

sol-notebook-2

Првиот во светот соларен лаптоп на пазарот ќе го пласира канадската компанија „WeWi Telecommunications“. Овој уред може да се користи на отворено без потреба од електрична енергија, поради тоа што таа ќе ја добива од соларните батерии.

Тие се четири на број и се наоѓаат на задниот дел на капакот. Доволно е да се изложени на директна сончева светлина два часа за да обезбедат околу 10 часа работа на лаптопот. Од компанијата овој лаптоп го крстиле „SOL“.

solaptop-600x304

Инаку уредот работи со Intel Atom D2500 1.86GHz Duo Core CPU процесор со 2 или 4 GB RAM меморија, во зависност од конфигурацијата, 13,3-инчен LCD екран, а располага и со 3 мегапиксели веб камера.

Лаптопот тежи 2.5 килограми и се нуди во две варијанти. Најевтиниот чини 350 долари, а водоотпорната верзија 400 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП