26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин во необично издание - го изненади светот (ВИДЕО + ФОТО)

Путин во необично издание – го изненади светот (ВИДЕО + ФОТО)

Путин ја искористи можноста да остави впечаток кај германската канцеларка во заминување за време на нејзината проштална посета на Москва.

Овој пат, рускиот претседател, кој вообичаено не изразува емоции за време на државните состаноци, и подари на Меркел букет розови цвеќиња.

Иако темите за разговор се тешки, особено поради кризата во Авганистан, која го зафаќа целиот свет, за време на средбата беа снимени фотографии од прилично срдечен разговор меѓу двајцата државници.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара продолжување на дијалогот со Русија во Москва, и покрај „длабоките несогласувања“.

„Дури и ако имаме длабоки несогласувања, разговараме едни со други и тоа треба да продолжи“, рече Меркел во Кремлин, која ја напушта функцијата оваа есен.

Путин рече дека средбата со германската канцеларка не треба да биде само проштална посета, затоа што за многу работи се уште треба да се разговара.

На почетокот на состанокот, германската канцеларка не го спомена рускиот опозиционер Алексеј Навални, иако е точно една година од труењето на противникот на Кремлин.

Навални потоа беше префрлен во Германија во кома на лекување, а тамошните научници открија дека тој бил отруен со “новичок”, нервен агенс од советско производство. Русија ги отфрли обвинувањата дека е вмешана во труење и ја критикуваше Германија за русофобија.

Путин никогаш не ја спомна Меркел во аферата со Навални и секогаш внимаваше да не ја нападне германската канцеларка која ја познава од 2005 година кога таа дојде на власт.

Германија “останува еден од нашите главни партнери, во Европа, во светот и во сe. И тоа е особено благодарение на вас”, рече Путин пред канцеларката.

Пред состанокот во Кремlin, Ангела Меркел положи венец на гробот на непознатиот советски војник убиен во Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП