9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и еврозоната излегоа од рецесија

ЕУ и еврозоната излегоа од рецесија

eurozone_1113947c

Економиите на еврозоната и Европската унија излегоа од рецесија во второто тримесечје, предводени од Германија и Франција, покажаа првите проценки на Евростат.

Со денеска објавените податоци, еврозоната и официјално излезе од најдолгата рецесија во историјата, која почна кон крајот на 2011 година.

Во периодот од април до крајот на јуни економските активности во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци, објави Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП