23 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО сака најдобрите научници да го проучат вирусот

СЗО сака најдобрите научници да го проучат вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ги бара најдобрите научни умови кои ќе ги истражат новите патогени микроорганизми способни да преминат од животни на луѓе и да предизвикаат нова пандемија.

СЗО ги покани врвните научници да аплицираат за членство во панел кој официјално ќе се вика Научна советодавна група за потеклото на новите патогени.

„Ни требаат најдобрите умови“, рече Марија ван Керхове од СЗО.

Панелот ќе се состои од 25 експерти и се очекува да се сретне за прв пат кон крајот на септември.

„Во последните 20 години, имавме многу такви патогени, САРС, МЕРС, птичји грип, зика и, се разбира, САРС-КоВ-2“, рече Ван Керхове.

Ван Керхове, американски епидемиолог, кој е првиот експерт на СЗО за ковид-19, потсети дека било потребно повеќе од една година за да се открие дека камилите со една грпка се посредник во транзицијата на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) на луѓето.

Новиот панел ќе состави глобална рамка за проучување на животни, луѓе, храна, животна средина, биосигурност и протоколи за лабораториски процедури кога ќе се појави нов патоген, рече таа.

„Сакаме да бидеме сигурни дека имаме соодветна техничка и научна рамка за следниот пат … затоа што ќе има таков“, нагласи таа.

Панелот, исто така, ќе го разгледа напредокот во проучувањето на потеклото на вирусот САРС-КоВ-2, кој се појави во Кина на крајот од пред минатата година.

Тим експерти на СЗО и кинески научници заеднички во март утврдија дека вирусот се пренел од лилјак на човек преку друго животно кое било посредник, но за тоа се потребни дополнителни истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП