3 мај, 2024
ПочетнаКОРОНА„Ламбда-сојот“ на коронавирус регистриран во Австрија

„Ламбда-сојот“ на коронавирус регистриран во Австрија

Првиот случај на зараза со „ламбда-сојот“ на коронавирус е регистриран во австриската провинција Долна Австрија.

Турист од Перу бил позитивно тестиран во општината Генцерндорф во близина на Виена, и било утврдено дека тој е заразен со „ламбда-сојот“, пренесуваат регионалните медиуми.

Според последните информации пациентот се излечил и ја напуштил Австрија.

Провинциските власти посочија дека пациентот бил веднаш изолиран, така што тој не заразил никого.

„Ламбда-сојот“ е многу позаразен од другите видови на коронавирус и во моментов е најраспространет во Јужна Америка, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП