6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco отпушта 4000 вработени

Cisco отпушта 4000 вработени

cisco

IT гигантот „Cisco Systems“ ќе отпушти 4.000 вработени, што претставува 5 проценти од персоналот на компанијата. Отпуштањата се наметнуваат поради бавното закрепнување на американската економија, објаснуваат од седиштето на компанијата во Калифорнија.

„Cisco“ сепак нема да ги остави отпуштените службеници невработени, затоа што ќе им се понуди работа во свои единици.

Веста за намалувањето на бројот на вработените доведе до паѓање на акциите на „Cisco“ кои главно се тргуваат на њујоршката берза. Акциите загубија 9,1 проценти од вредноста, достигнувајќи до 23.97 долари за акција. Пред тоа цените на акциите на компанијата регистрираа раст од 18,2 проценти.

Големо кратење на работните места во „Ciscо“ имаше и во 2011-та година (6500 работни места) и 2012-та (1300 вработени). Во првиот случај отпуштањата беа објаснети со реконструкција на компанијата, а во вториот со „несигурност“ во светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП