26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАМЗ: 91% од хоспитализираните со ковид се невакцинирани

МЗ: 91% од хоспитализираните со ковид се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 19.8.2021 на територија на државата 9881 граѓани, се позитивни на Ковид-19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1.507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со ковид, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9 односно (8%) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП