19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАОбјавена нова корона-карта: Цела Грција во црвена зона

Објавена нова корона-карта: Цела Грција во црвена зона

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) секој четврток ја ажурира корона-карта.

Ова е најважната мапа за коронавирус во Европската унија, според која земјите -членки на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез во одредена земја точно според бојата што земјата ја има на оваа мапа.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население.

Јадранскиот брег и Загреб остануваат портокалови.

Шпанија и Франција се во црвената зона, а ситуацијата е малку подобрена од минатиот пат, бидејќи некои делови од овие земји повеќе не се во темноцрвената зона.

Италија е претежно во портокалова зона, а некои делови се во црвената зона – Сицилија, Сардинија, Калабрија.

Словенија останува во портокаловата зона.

Ситуацијата во Грција значително се промени од минатиот пат. Имено, пред една недела, црвено и темно црвено доминираше во поголемиот дел од Грција, додека само еден дел остана во портокаловата зона.

Денес тој дел се смени од портокалово во црвено, така што цела Грција е во црвената зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП