ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте сообраќајот на париските аеродроми по стартот на кризата

Расте сообраќајот на париските аеродроми по стартот на кризата

Сообраќајот на аеродромите во Париз во јули беше најголем од почетокот на здравствената криза благодарение на летните патувања, воведувањето здравствени сертификати во Европа и напредокот на вакцинациите, објави специјализираното издание „boursorama.com“.

Ова е најдобар резултат од почетокот на здравствената криза, но сепак е помалку од половина (48 проценти) од волуменот во јули 2019-та година.

Во јуни, патниците на аеродромите во Париз учествуваа со 28,8 проценти од нивниот број во 2019-та година.

Речиси 5,1 милиони патници минаа преку аеродромите Орли и Роаси во минатиот месец, што е за 2,6 милиони повеќе отколку во јули 2020-та година, соопшти аеродромскиот оператор „Groupe ADP“.

Првите податоци за август изгледаат охрабрувачки за европските аеродроми, според Евроконтрол, кој известува помеѓу 9-ти и 15-ти август за воздушниот сообраќај, во износ од 70,5 проценти во споредба со истиот период во 2019-та година.

Лондонскиот аеродром Хитроу, исто така, го објави јули како најдобар месец од почетокот на пандемијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП