16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоларните електрани во ЕУ со рекордно производство на електрична енергија

Соларните електрани во ЕУ со рекордно производство на електрична енергија

Според податоците на „Ember“, цитирани од „Reuters“, производството на електрична енергија од сонцето во јуни и јули во земјите на ЕУ е рекордно. Соларните електрани претставуваат 10% од вкупното производство на електрична енергија во Заедницата.

Во текот на двата летни месеци, 27 земји од заедницата генерираа вкупно 39 терават часови електрична енергија од сонцето. За споредба, за истиот период во 2018-та година, произведени се 10,8 терават часови од соларните електрани.

ЕУ постави цел за обновливите извори на енергија, вклучително и соларни електрани, да произведат 40% од потрошувачката на електрична енергија во заедницата до 2030-та година. Во 2019-та година, овој удел е 20%.

И покрај рекордното производство, соларната енергија се развива премногу бавно во Европа, според еколошката организација. Соларните електрани сѐ уште не се во можност да држат чекор со капацитетот на јагленот, кој обезбеди 14% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во заедницата во јуни и јули.

Седум земји од заедницата, вклучувајќи ги Шпанија и Германија, исто така, поставија национални рекорди, покажуваат податоците. Всушност, Германија е меѓу најголемите производители на сончева енергија со произведени помеѓу 11,5 терават часови и 13,4 терават часови електрична енергија, што достигнува удел од околу 17% од вкупното производство во ова лето.

Шпанија го удвои производството во споредба со 2018-та година. Во јуни и јули, земјата произведе 6,4 терават часови, наспроти 3,1 терават часови пред три години. Ова претставува 16% од вкупното производство на електрична енергија во Шпанија во текот на овие два летни месеци.

Третиот најголем производител на електрична енергија од сонцето е Италија, но со текот на годините секторот не се разви многу – од 5,7 терават часови во летото 2018-та година до 6 терават часови во оваа година.

Сепак, производството на сончева енергија во Холандија значително се зголемува од 1,1 терават часови до 3,2 терават часови и соларната електрична енергија веќе учествува со 17% од енергетскиот микс во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП