Уште во септември минатата година, го видовме „Z Proto“, наследникот на „370 Z“, и беше објавено дека може да ја носи ознаката „400 Z“, но „Nissan“ се премисли и спортското купе ќе биде „Z“.
Едноставно и впечатливо за автомобил кој се карактеризира и со некои ретро елементи, моделирани по оригиналниот „240Z“, а задните светла се инспирирани од моделот „300 Z“.

Автомобилот е долг 4382 mm, широк е 1849 mm и висок е 1311 mm, што значи дека е малку подолг, поширок и понизок од „370Z“. Меѓуоскиното растојание е 2550 mm, додека тркалата се 18 и 19 инчи.
Внатрешноста на автомобилот е модернизирана, има поквалитетни материјали, кожа, 12-инчна дигитална табла со инструменти, „Android Auto“, „Apple CarPlay“ …

Моделот е придвижуван од „Infinity“ мотор, „Q60 Red Sport 400“, или 3,0-литарски твин-турбо V6 мотор кој може да испорача 400 ks и 475 Nm максимален вртежен момент, а моќноста се пренесува со шестстепен мануелен или деветстепен автоматски менувач.

Стандардната опрема вклучува и систем за автоматско сопирање со детекција на пешаци, систем за следење на слепи точки, предупредување за излегување од лента, задна камера и интелигентен темпомат.

Што се однесува до цената, таа не е објавена, но се очекува дека во пролетта 2022-ра година (кога ќе се појави на американскиот пазар), новиот „Nissan Z“ да чини околу 40.000 долари.