19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Carlsberg“ ги надмина нивоата пред пандемијата во првите шест месеци

Продажбата на „Carlsberg“ ги надмина нивоата пред пандемијата во првите шест месеци

Данската пивара „Carlsberg“ во средата објави дека продала повеќе пива во првата половина од годината отколку во претпандемиската 2019-та благодарение на Европското првенство во фудбал и високите температури во јуни.

До крајот на првата половина од годината, продажбата на пиво на клучните кинески и руски пазари се зголеми „значително над“ нивоата во 2019-та година, истакна третата по големина пивара во светот.

Вкупниот обем на продажба на органски производи во првите шест месеци од оваа година беше два проценти поголем отколку во истиот период во 2019-та година.

Компанијата го зголеми приходот за 17 проценти во периодот од април до јуни, на 18,69 милијарди дански круни (2,94 милијарди американски долари).

Во Западна Европа, продажбата беше зголемена со високите температури во јуни во комбинација со Европското првенство во фудбал и повторно отворање на барови и ресторани по олеснувањето на мерките за контрола на пандемијата со коронавирусот.

„Западноевропските пазари се отвораат повторно, но во Азија гледаме спротивен тренд, особено во Виетнам, Лаос и Малезија“, рече извршниот директор Цес`т Харт за време на конференцискиот повик.

Тој додаде дека „Carlsberg“ се осигурал од раст на цените на суровините до крајот на годината, но предупреди дека во 2022-ра година ќе забележи „значително повисоки“ трошоци поради повисоките цени на алуминиумот, јачменот, хартијата и нафтата.

Во извештајот компанијата ја зголеми својата проценка за растот на оперативниот профит од пет на 10, претходно, на осум на 11 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП