25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградба на автопатот Кичево – Охрид до 2023

Изградба на автопатот Кичево – Охрид до 2023

Владата на вчерашната седница усвои информација со која се утврдува дека крајот на 2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

„На седница беше разгледана и усвоена информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по буџетот“, информираат од владината-прес служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП