3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА16 работи кои не ги знаете за милионерите

16 работи кои не ги знаете за милионерите

bogati

Да си милионер во денешно време не е она што беше некогаш, не е воопшто лесно да стигнеш до тој статус.

Во 2009-та година во САД имало 7,8 милиони домаќинства со средства од над 1 милион долари. Тоа не е мал број на луѓе. Некои од нив живеат скромно и не се впечатливи. Всушност многу од милионерите живеат без да го наметнуваат своето богатство на околината.

Кога ќе се слушне зборот „Милионер“, луѓето си замислуваат јахти, безгрижност, скапа облека и автомобили. Тоа сепак не е секогаш така. Погледнете неколку работи кои можеби не ги знаете за милионерите:

1.Тие трошат помалку отколку што заработуваат

Додека просечниот Американец плаќа едно чудо работи кои ги платил со кредитната картичка инаку не би можел да си ги дозволи, милионерите не трошат повеќе отколку што заработуваат.

2. Тие знаат дека трпението е злато

Не се станува милионер преку ноќ. Многу од овие луѓе чекале цел живот за да можат на средна возраст (и дури подоцна) да се радуваат на стабилна банкарска сметка.

3. Кога ве покани во скромната куќа со три спални, ќе ве послужи со обично кафе, а не со „Starbucks“

Тоа што може да си купи куќа со 10 спални, фитнес и кино не значи дека ќе го направи. Многу милионери живеат во куќа со 3 спални и 2 купатила, што за нивниот стандард е малку. Можеби некои луѓе ќе ги сметаат за „стегнати“.

4. Една друга карактеристика на богатите е дека не им е гајле дали ги мислат за стиснати!

5. Плаќаат обврски за кредитните картички секој месец

Како што рековме и во точка 1, тие знаат дека ако не можат да платат за нешто во готово, тогаш не можат да си го дозволат и точка.

6. Знаат дека не треба да имаат долгови

Милионерите знаат дека парите не купуваат среќа. Она што го бараат е финансиска слобода, а за да ја имаат, тие не треба да имаат долгови.

7. Знаат дека парите се како мало дете

Не можат да се грижат сами за себе и имаат потреба од подобро управување.

8. Прашуваат зошто работите нешто што не ви се допаѓа

Иако е можно да се збогатите додека правите нешто што не ви се допаѓа, но тоа се случува ретко.

9. Знаат колку е важен планот

Милионерите знаат дека е можно да се збогатат без план само со многу голема доза на среќа.

10. Имаат големи цели

Успешните луѓе не се плашат да мислат во големи размери.

11. Знаат дека мора да се работи напорно

Со текот на времето тие научиле дека со работа може да се компензираат многу финансиски грешки, а сите прават грешки.

12. Се осигуруваат

Сешто се случува, за тоа тие прават осигурување и план Б.

13. Знаат дека времето им припаѓа на младите

Тие почнаа да штедат уште пред да наполнат 30 години.

14. Не може да се потроши она што не го гледаш

Користат опции за автоматско одземање од платата на придонеси за пензиско осигурување, така за да заштедат.

15. Не им е потребно да работат

Се што имаат е платено одамна, па така тие не исплаќаат куќа или автомобил.

16. Не се импресионираат од вашиот скап автомобил.

Не може да ги импресионирате со тоа што возите скап автомобил или живеете во огромна куќа (работи кои не можете да си дозволите, а тие можат).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП