19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се тоа „фан токени“? Започна исплата на фудбалски трансфери во криптовалути

Што се тоа „фан токени“? Започна исплата на фудбалски трансфери во криптовалути

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси беше платен за трансферот во францускиот прволигаш ПСЖ и со фан токени.

Меси (34) ја напушти Барселона, каде помина 21 година, а во вторникот потпиша двегодишен договор со Пари Сен Жермен со опција да го продолжи уште една година.

ПСЖ преку соопштение објави дека фан токените се вклучени во неговиот „пакет за добредојде“.

Клубот не го откри процентот на фаб токени, но додаде дека Меси ги добил „во голем број“, пренесува Блиц.

Што се тоа фан токени?

Фан токените се тип на криптовалута која им овозможува на сопствениците да гласаат главно за помалку важни одлуки поврзани со нивниот клуб. Меѓу клубовите кои ги лансираа токените оваа година се англискиот шампион Манчестер Сити и италијанскиот клуб Милан.

Како и биткоинот или другите дигитални валути, фан токените може да се тргуваат на берзата. Исто така, како и другите криптовалути, тие имаат тенденција да растат диво.

-Гласините за најновите трансфери во клубот предизвикаа зголемен интерес за фан токените на ПСЖ, со тоа што тргувањето надмина 1,2 милијарди долари во деновите пред пристигнувањето – се наведува во соопштението на парискиот клуб.

Цената на фан токенот се зголеми од 29 долари на 44 долари една недела пред доаѓањето на Меси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП