16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТалибанците како деца – се возеа со колички и на рингишпил(ВИДЕО)

Талибанците како деца – се возеа со колички и на рингишпил(ВИДЕО)

На интернет се објавени снимки од Талибанците како се однесуваат како деца, додека со пушки се шетаат во забавен парк.

Откако го окупираа речиси целиот Авганистан, убиваа и мачеа, ја зазедоа и Владата и му бранат сè на населението, талибанците одлучија да се забавуваат.

Новинар на „Ројтерс“ во Кабул на Твитер објави две видеа на кои наводно се прикажани талибанци како се забавуваат во забавен парк.

Во еден момент, неколку од нив се судираат со автомобили, додека покрај нив се гледаат пушки. Друг кадар ги прикажува на рингишпил со коњи.

Објавено е и видео од талибанците од претседателската палата, каде што исто така ја користеле салата како игралиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП