25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФајзери ги објави првите резултати од тестирањето на третата доза на вакцината,...

Фајзери ги објави првите резултати од тестирањето на третата доза на вакцината, а одобрувањето стигнува веќе во септември? „Резултатите се ветувачки“

Фајзер ги достави првите податоци до Американската администрација за храна и лекови (ФДА) за третата доза вакцина за возрасната популација во обид да добие овластување за уште една доза вакцина која ќе го зајакне имунитетот на веќе вакцинираните со двете дози на вакцината и да спречи ширење на делта сојот.

„Фајзер“ тврди дека нивната трета доза на вакцина како дополнителен имунолошки засилувач е поефикасна против многу заразната делта варијанта, покажаа првите податоци од тековната студија, доставена до американската ФДА. Фајзер, заедно со партнерот Бионтек, веруваат дека овие први податоци се ветувачки.

Податоците кои ги видовме досега сугерираат дека третата доза на нашата вакцина предизвикува нивоа на антитела кои значително ги надминуваат оние што се јавуваат по примената на две дози на вакцина, рече шефот на Фајзер Алберт Бурла, нагласувајќи ја потребата за справување со „континуираната закана што доаѓа од делта варијантата“.

Фајзер објави дека третата доза во новата студија ја примиле луѓе кои ја добиле втората доза пред осум или девет месеци. Забележан е подобрен имунолошки одговор за оригиналниот „див тип“ на вирусот САРС-КоВ-2, како и за бета и делта мутациите кои се појавија оттогаш.

Кога Фајзер навести во јули дека фармацевтската компанија ќе побара официјално одобрување за третата доза, водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи првично реагираше со изненадување, но минатата недела се премисли и сега вели дека сите Американци најверојатно ќе добијат трета доза од вакцината во одреден момент поради пад на нивото на имунитет.

Ни ден подоцна, ФДА одобри трета доза за лица со ослабен имунитет, истакнувајќи дека тие лица можат да имаат корист од третата доза на вакцината.

АП пренесува дека американските експерти се очекува да препорачаат трета доза на вакцината за сите Американци, без оглед на возраста, осум месеци по добивањето на втората доза од вакцината. Според некои медиуми, оваа одлука се очекува веќе во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП