1 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАДури 80 проценти од луѓето кои прележале Ковид-19 имаат антитела дури и...

Дури 80 проценти од луѓето кои прележале Ковид-19 имаат антитела дури и една година по инфекцијата

Околу 80 проценти од луѓето кои се заразиле со Ковид-19 пред една година, се уште имаат антитела на вирусот САРС-КоВ-2, откри нова шведска студија.

Новото шведско истражување било спроведено на 2.000 вработени во болницата „Дендерид“ во Стокхолм, кои на секои четири месеци биле подложни крвни тестови и одговарале на прашања преку специјална апликација.

Можевме да видиме дека повеќето од оние кои се разболеле го изгубиле мирисот и вкусот и дека десет проценти од заразените немале никакви симптоми, изјави за шведската национална телевизија СВТ, Себастијан Хаверал, докторант во истоимената болница и институтот Каролинска.

Антителата кои ги развиле се покажаа како добра заштита од варијантите на алфа вирусот (поранешна британска варијанта) и делта, која во моментов е доминантна варијанта и брзо се шири низ светот потиснувајќи ги сите други варијанти во многу земји.

Но, заштитата од варијантите бета (порано јужноафриканска варијанта) и гама (поранешна бразилска варијанта) не е толку силна.

Нивото на заштита од бета и гама варијанти е 30 до 40 проценти пониско, додава Хаверал.

Една доза вакцина е доволна за прележаните

Научниците кои ја спроведоа студијата во шведската болница „Дендерид“, исто така, истражуваа колку дози од вакцината се потребни за оние кои веќе биле заразени. Претходно беше заклучено дека само една доза од вакцината Pfizer е доволна, а шведските научници сега открија дека истото важи и за вакцината AstraZenece.

Инфекцијата делува како прва доза на вакцината, а втората доза на вакцината потоа служи како засилувач. Покрај тоа, се покажа дека учесниците во студијата имале дури и малку подобро ниво на заштита од луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината Pfizer, заклучи Хаверал.

Шведска досега имала 1,11 милиони случаи на новиот коронавирус и над 14,600 смртни случаи од последиците на болеста Ковид-19, повеќе од останатите скандинавски земји заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП