Јагленот постепено изумира во ЕУ во последните неколку децении, барем во однос на ископувањето на европските територии. Новите податоци на Еуростат покажуваат дека во 1990-та година, производството на ЕУ изнесувало 277,4 милиони тони.
И како што покажува овој инфографик, овој удел постојано се намалува на само 56,5 милиони тони во 2020-та година, произведен речиси исклучиво од Полска.
Најзабележително е отсуството на Германија во податоците за 2020-та година, со нејзиното учество од 27% пред 30 години.
Иако производството во Чешка се преполови во тој период, таа е единствената земја заедно со Полска која придонесе за индустријата во 2020-та година.
Шпанија, Франција и сите други земји-членки, исто така, исчезнаа како главни производители во последните податоци.
Лидер во потрошувачката на лигнит во ЕУ е Германија со 44 посто, според податоците на Еуростат за 2020-та година, а потоа следат Полска (19%), Чешка (12%) и Бугарија (9%).
Еуростат забележува дека вкупно шест земји учествуваат со 95% од потрошувачката на јаглен во Заедницата. Романија и Грција ја комплетираат „шесторката“ со по 6% од потрошувачката на ЕУ.
