26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКакви акции купи Швајцарската национална банка?

Какви акции купи Швајцарската национална банка?

Во последниве месеци, Швајцарската национална банка направи неколку големи промени во своите вложувања во инвестиции во американски јавни претпријатија, пишува „Barron’s“.

Банката четирикратно ја зголеми својата инвестиција во „AMC Entertainment Holdings“, купи повеќе акции во „Uber Technologies“ и ја направи својата прва инвестиција во компанијата „Lyft“.

Како и да е, швајцарската банка ја намали својата инвестиција во „McDonald’s“, според соопштенијата до американската Комисија за хартии од вредност и берзи.

Банката купи 637.100 нови акции на „AMC“ во вториот квартал од годината и сега поседува 832.741 акции во синџирот со киносали.

Акциите на „AMC“ пораснаа 27 пати во првите шест месеци од 2021-ва година, но загубија 41% од почетокот на третиот квартал.

Банката го зголеми својот удел во „Uber“ на 4,9 милиони акции и купи 1,04 милиони акции од „Lyft“. Акциите на вторите се зголемија за 23,1% во првата половина од годината и загубија 11,7 проценти од 1-ви јули до денес.

Швајцарската банка соопшти дека продала 484.000 акции на „McDonald’s“ и сега поседува 3 милиони акции. Акциите на синџирот за брза храна се зголемија за 7,6% во првите шест месеци од 2021-ва година, како и 3,4 проценти од почетокот на третиот квартал.

Според најновите податоци, средствата под управување на банката изнесуваат 1,1 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП