28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктуелни објави за електронско јавно наддавање во Општина Илинден

Актуелни објави за електронско јавно наддавање во Општина Илинден

jaka_2

Општина Илинден објави продажба на уште 12 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“. На заинтересираните овој пат им се нудат градежни парцели со големина од 385 до 561 метри квадратни.

Почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратена пријавите за учество треба да се достават до 06.09.2013 година.

Градежните парцели се наоѓаат во новата населба „Јака“, која  се наоѓа на само 10 километри од центарот на градот Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Освен 12-те парцели наменети за изградба на семејни куќи во тек е и објавата за електронско јавно наддавање на градежно земјиште за изградба на лесна и незагадувачка индустрија со површина на градежната парцела од 14.947 метри квадратни. Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела изнесува 148,00  денари од метар квадратен, а пријавите за учество можат да се достават до 03.09.2013 година. 

Lokalitet_14_KO_Marino_copy_0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП