26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМажите во ЕУ потешко се разделуваат од родителите (ИНФОГРАФИК)

Мажите во ЕУ потешко се разделуваат од родителите (ИНФОГРАФИК)

Во просек на 26,4 години младите луѓе во Европската унија го напуштиле домот на своите родители во 2020-та година, според „Еуростат“.

Сепак, оваа возраст значително варира од една до друга земја-членка, според статистичките податоци објавени по повод Меѓународниот ден на младоста, кој се слави на 12-ти август.

Најдоцна, на возраст од 32,4 години, младите жители на Хрватска ги напуштаат домовите на своите родители. Следуваат младите луѓе во Словачка (30,9 години), Малта (30,2 години), Италија (30,2 години) и Португалија (30 години).

Најрано – на просечна возраст од 22 години, младите луѓе летаат од гнездото на родителите во Данска (21,2 години), Луксембург (19,8 години) и Шведска (17,5 години).

Статистиката исто така покажува дека во повеќето северни и западни земји во 2020-та година младите луѓе во просек ги напуштаат домовите на своите родители на возраст од 20 до 25 години, а во јужните и источните земји тоа се случува во просек на возраст помеѓу 20 и раните 30-ти години.

Според податоците, мажите живеат подолго од жените со своите родители. Просечната возраст за мажи на овој индикатор во ЕУ за 2020-та година е 27,4 години, а за жените е 25,4 години. Овој тренд е забележан во сите земји, освен во Шведска, каде што жените во просек го напуштаат домот на своите родители 0,1 години подоцна од мажите.

Најголемите разлики помеѓу двата пола се во Романија – во просек 30 години за напуштање домот за родители за мажи и 25,5 години за жени. На второ место на овој индикатор е Бугарија, каде што за мажите од родителскиот дом заминуваат во просек на возраст од 32 години, а за жени на 27,8 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП