28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешката економија бележи пораст и се опоравува од рецесијата

Чешката економија бележи пораст и се опоравува од рецесијата

praga

Чешката економија излегува од рецесија и бележи пораст, по падот во претходните шест квартали по ред, јави дописникот на МИА од Прага. Според последните податоци од Заводот за статистика, Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал од годината се зголеми за 0,7 проценти во споредба со истиот период лани.

Аналитичарите, генерално очекуваа полоши резултати, а и предвидувањата на Чешката народна банка (ЧНБ) беа опаѓање за 1,7 проценти.

– Овие податоци, ги сметам за психолошки ефект на кој пазарот долго чекаше, а кој може да го подобри расположението на фирмите, инвеститорите и граѓаните, изјави Јиржи Мосер од компанијата „ПВЦ“, кој додава дека не може да се смета дека економијата покажува јасен тренд.

Постојат многу неизвесности, на кои им се додадоа и одредени проблеми од актуелната политичка ситуација и неизвесноста по падот на Владата на Нечас и предвремените парламентарни избори наесен кои ја очекуваат земјата. Како што е наведено од страна на аналитичарот Петр Дуфек, втората рецесија во последните пет години е при крај.

– Таа не беше толку драматична како претходната, но од друга страна беше два пати подолга, подвлече Дуфек. Економската криза започна со опаѓање на потрошувачките и инвестициските побарувања, кон кои се приклучи и стагнација на извозот.

Но, извозот е тој што на крајот ја извлече Чешка од рецесија, со оглед на тоа што домашната побарувачка се уште е во криза, сметаат експертите. – Претпријатијата не инвестираат, домаќинствата штедат и бројот на невработените е највисок од кога постои Републиката, предупредува Мирослав Новак, нагласувајќи дека не треба да се очекуваат некои драстични напредоци и во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП