5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде летуваат светските лидери?

Каде летуваат светските лидери?

odmor

Наближи средината на август и светските лидери се оддадоа на одмор, иако политичката жега продолжува да „тлее“ под нивните нозе.

Претседателот на САД, Барак Обама веќе е на островот Мартас Винјард каде одмара со семејството секоја година. Тој живее во куќа со 6 спални која вреди 7.6 милиони долари, пишува весникот „Фигаро“. Сите соби на луксузната вила гледаат кон морето, а во дворот има и кошаркарско игралиште. Обама ќе биде на островот до 18-ти август.

odmor1

Одморот на Рускиот претседател Владимир Путин стана вистинско шоу. На крајот на јули го снимија на брод покрај премиерот Дмитриј Медведев, како се капат во пустите области на Сибир. Најмногу се прослави сликата на која Путин држи фатена од него штука со тежина 21 кг. Заради неа тој стана главен предмет на шеги на интернет.

Британскиот премиер Дејвид Камерон си дозволи четири одмори. На крајот на јули тој беше со своето семејство во Португалија, откако во мај ја одведе жената на Ибица. Во август Камерон ќе одмара уште два пати во Корнвол и во Шкотска.

odmor2

Иако парламентарните избори во Германија се приближуваат, Ангела Меркел се одмора, без да се оптеретува. Популарноста на Канцеларката е толку голема дека таа си дозволила 18 дена одмор. Голем дел од нив ги поминува во Сулден во Италијанските Алпи заедно со нејзиниот сопруг.

Во Шпанија премиерот Маријано Рахој ќе одмара во вила во својата родна Галиција во северниот дел на земјата. Имотот се изнајмува за 270 евра на ден и има три спални и базен, како и 3200 метри квадратни градини. Таму Рахој ќе остане две недели со семејството.

odmor3

Францускиот претседател Франсоа Оланд за својот одмор ја избра резиденцијата „Лантерн“ крај дворецот Версај која има базен и тениско игралиште. Самата резиденција е мал дворец.

Само италијанскиот премиер Енрико Лета нема да почива. Поради компликуваната политичка ситуација во Италија, тој плановите за семеен одмор на јадранското крајбрежје ги одложи за следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП