3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Речиси никој не си ја сака работата

Анкета: Речиси никој не си ја сака работата

I-Hate-My-Job

Луѓето масовно не се чувствуваат задоволни од својата работа, соопшти весникот „Дејли прес“. Заклучокот е направен врз основата на истражувањето направено меѓу 2.000 вработени во Велика Британија.

Речиси 80 проценти од луѓето не се задоволни од својата работа, но и не можат да ја напуштат, бидејќи се плашат дека на професионален план работите ќе се влошат. 66 проценти од вработените не се чувствуваат добро со својата сегашна работа, но сметаат дека се беспомошни и неспособни да ја менуваат.

Речиси седум од десет луѓе признаваат дека се занимаваат со таа работа само поради парите, а не затоа што ја сакаат.

Над 50 проценти од вработените велат дека поседуваат вештини или хоби надвор од професионалната дејност, кои би сакале да ги реализираат. Податоците покажуваат уште дека 63 проценти од учесниците во анкетата се чувствуваат депресивно од професионалните определба до таков степен дека гледаат со завист кон свои роднини и пријатели, кои ја остваруваат посакуваната професија.

Вработените најчесто се замисуваат во различна работа од сегашната и тоа во областа на информатичката технологија, финансискиот и правниот сектор.

Околу 52 проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека се уште имаат желба да го реализираат детскиот сон за одредена професија, иако не гледаат голема веројатност таа да биде профитабилена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП