30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет совети како да ја подобрите вашата веб-страна

Десет совети како да ја подобрите вашата веб-страна

internet-marketing

Денес, речиси секоја компанија, без оглед на големината и дејноста со која се занимава, има своја интернет страна.Но само да имате интернет страна не е доволно.Квалитетно претставување на вашите производи и услуги на интернет можат значително да ги зголемат приходите и деловното работење.Ви даваме 10 совети како да ја подобрите вашата интернет страна, да го зголемите интернет сообраќајот и да го направите вашиот сајт достапен до поголем број на клиенти.

 

1.Зголемување на видливоста и пристапноста на вашата страна

Многу е важно кога корисникот пребарува вашата страница да се покажува високо меѓу резултатите од пребарувањето на ,,Google” и ,,Bing”. Голем број на компании се специјализирани да ви помогнат да ја оптимизирате вашата страна.Но постои начи тоа сами да го направите.Размислете кои дав-три збора ќе бидат поврзани со вашето работење и потоа напишете ги во Google Kayword Tool. Оваа алатка ќе ги појави сите зборови слични на вашите кои корисниците често ги бараат.Тоа ќе овозможи да се појавите меѓу првите кои ги пребарувале.

 

2.Користете огласи ,,плати по клик”(pay per click)

Секогаш кога корисникот во пребарувачот ќе напише некој термин поврзан со вашето работење, покрај резултатите кои корисникот ги бара, се наоѓа и дел каде што има платени огласи.Погрижете се во тој дел да биде и вашата страна(банер).Покрај тоа, секако е препорачливо вашиот банер да го ставите и на популарните страници,Фејсбук,Линкдин,Твитер и слично.

 

3.Објавете ,,newsletter”

Ова е наједноставен и евтин , и еден од најдобрите начини да го зголемите бројот на посетители на вашата страница.Можете да го изработите сами со алатката ,,Constant Contacta”.Најбитно е да се направи опција да може многу лесно да се одјави клиентот доколку не сака да го добива повеќе извештајот.Содржината треба да биде правилно одбрана и важно е ,,њузлетерот” да се пополни со важни и интересни информации кои ќе го привлечат примателот на вашата страница.

 

4.Блогирајте

Пишување на блогови е уште еден одличен начин за подобро позиционирање на вашата страна во резултатите од пребарувањето и привлекување посетители.Всушност, пребарувачите потполно подеднакво ги третираат блоговите при пребарување на клучните зборови.Само припазете вашите теми на блоговите да бидат релевантни и актуелни, и се разбира интересни.

 

5.Користете линкови

При правењето на веб-страната важен е и бројот на линкови кои водат на вашата страна или ги носи корисниците до вашата страна.Правилно поврзување на вашата страна со останатите и те како може да ја зголеми посетеноста.Со помош на алатката ,,LinksMenager” можете да изработите реципрочни и едносмерни линкови.

 

6.Користете ги друштвените мрежи

Иако голем број социјални мрежи се создадени за приватно користење, за многу брзо време се претворија во прфитабилни алатки.Но и креирање на квалитетен профил на Фејсбук или Линкдин не е така лесно да се направи.Доколку имате пари можете да ангажирате професионалец да ви ја промовира страната.Но можете и сами да да го развивате профилот на Фејсбук и Линкдин.

 

7. Промовирајте ја вашата страница и off-line

Една од најчестите грешки е неспомнување на интернет страната во маркетиншките материјали на компанијата која ги издава.За почеток веб-страната промовирајте ја на брошурите,визит-карти,каталози,дописи итн.

 

8. Вашата страна нека изгледа професионално и читливо

Кога еднаш ќе ги привлечете посетителите на вашата страница не сакате таа да биде монотона,непрегледна,лошо содржина, слики, видеа итн.Можете сами да си ја дизајнирате страната или пак е попаметно да инвестирате во стручен дизајнер.

 

9. Погрижете се вашата страница да се вчитува брзо и лесно

Уште една честа грешка е при изработка на страната да се ставаат материјали кои ке ја успоруваат и ќе го отежнат отварањето.Истражувањето покажува дека просечниот корисник чека максимум до четири секунди за отварање на страната и потоа се откажува и продолжува да бара други достапни содржини.Затоа ограничете се на едноставни информации кои ќе овозможат брзо и лесно отварање.

 

10.Пратете што пишува и зборува за вашата компанија

Денес, купците и клиентите се потпираат на искуството на оние кои веќе на овој или оној начин веќе соработувале со таа компанија.

Постојат сајтови кои се специјализирани за поставување на коментари,критики и рецензии.Кај нас најчесто се користат форумите.Затоа, внимателно и редовно пратете што се пишува за вашата компанија и нејзините производи и услуги, како би можеле на време да реагирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП