27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМеркел ќе зема пензија од 15.000 евра

Меркел ќе зема пензија од 15.000 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе добие месечна пензија речиси 15.000 евра, според пресметката на германското Здружение на даночните обврзници.

Меркел (67) се повлекува од политичкиот живот по парламентарните избори во септември.

Пензијата се пресметува врз основа на платите што ги добивала како член на сојузниот парламент, сојузната влада и како канцеларка.

Како и сите поранешни канцелари и претседатели, Меркел ќе има право на официјална канцеларија.

Државата ќе издвојува надомест и за секретарот во канцеларијата, двајца асистенти, дактилограф и за возач.

Ангела Меркел е постојана канцеларка на Германија од 2005 година, а во 2018 година поднесе оставка од лидерската функција во Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петти канцеларски мандат.

Во јули таа рече дека по напуштањето на функцијата, планира добро да се одмори и да размисли што е тоа што навистина ја интересира.

Рече и дека за тоа намала време во текот на 16 години како канцеларка.

„Тогаш можеби ќе се обидам да прочитам нешто, па очите ќе ми се затворат затоа што сум уморна, па малку ќе отспијам и потоа ќе видам“, рече таа.

Меркел додаде дека нема да ѝ недостига времето во кое постојано носела одлуки иако оваа навика веројатно ќе значи дека во нејзината глава постојано ќе се вртат мисли за тоа што треба да се направи.

„И тогаш многу бргу ќе се сетам дека сега тоа го прави некој друг. И мислам дека ќе бидам многу среќна поради тоа“, рече Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП