5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ"Виша математика" ги збуни туристите: лежалка 3 евра, чадор 2, а комплет...

“Виша математика” ги збуни туристите: лежалка 3 евра, чадор 2, а комплет 7 евра

На црногорска плажа, туристите беа збунети од табла на која пишува дека комплет лежалка и чадор за сонце е поскап од поединечните цени на истите.

На Фејсбук кружи табла на која пишува: Плажа Стефан лежалка 3 евра, чадор 2 евра, комплет 7 евра.

Испаѓа дека ако земете комплет, ќе ве чини 2 евра повеќе отколку поединечно.

„Ова е виша математика“, коментираат на социјалната мрежа, каде што се појави извесна Андреа која беше доста лута.

„Многу сте глупави. Некој доаѓа и сам на плажа“, напиша видно вознемирената коментаторка на веселата математика, која најверојатно сфатила дека комплет се однесува на пар, а не на лежалка плус чадор.

Таа заборави да напомене дека зборот „комплет“  некои може да го разберат како сет на лежалка плус чадор за сонце.

Друг коментираше: „2 евра екстра за гледање на задници и гради. И тоа кошта исто така“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП