25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарот на недвижности во Швајцарија се движи кон имотен „балон“

Пазарот на недвижности во Швајцарија се движи кон имотен „балон“

Зголемувањето на цените на имотот значи дека пазарот на недвижности во Швајцарија е близу до „балон“, предупредува „UBS Group“, цитиран од „Bloomberg“.

Индексот на банката „Swiss Real Estate Bubble“ порасна за 1,90 поени во вториот квартал. Цените на недвижностите се зголемија со најбрзо темпо во последните осум години во тој период, соопшти банката. Хипотекарното кредитирање исто така се забрзува.

Швајцарија, која го деактивираше баферот за банкарски капитал на почетокот на пандемијата, не е единствената земја што забележа раст на цените на недвижностите. И Обединетото Кралство и САД забележаа нагло зголемување на цените на имотите, а Нов Зеланд, Канада и Шведска се сметаат за едни од најжешките пазари во светот.

Аналитичарите на „UBS“ велат дека индексот најверојатно ќе опадне во втората половина во услови на економско закрепнување.

Сепак, тие очекуваат нерамнотежата на пазарот на недвижности да биде поизразена отколку пред кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП