26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од новиот електричен „Audi“ (ФОТО)

Први фотографии од новиот електричен „Audi“ (ФОТО)

Станува збор за „Audi Q5 e-tron“ модел кој наскоро ќе ја има својата премиера, а кој е наменет за кинескиот пазар.

Врз основа на механичката платформа „MEВ“ на групацијата „VW“ наменета за електрични автомобили, „Q5 e-tron“ го дели меѓуоскиното растојание со „Volkswagen ID.6“.

Ова значи дека има пространа и практична патничка кабина која веројатно може да прими до три реда седишта и 7 лица.

Постојат три варијанти на погон – две со еден и еден со два електромотори и погон на сите тркала.

Основниот „35 e-tron“ има електричен мотор со 180 ks (132 kW), додека малку помоќниот „40 e-tron“ има 204 ks (150 kW). И двете опции имаат погон на задните тркала.

На врвот на понудата ќе бидат верзиите „50 e-tron“ со два електрични мотори. Послабата, на предната оска, испорачува 109 ks (80 kW), а помоќната, која се наоѓа одзади, произведува 204 ks (150 kW).

Благодарение на оваа конфигурација, „Audi Q5 50 e-tron“ има погон на сите тркала.

Податоците за батеријата не се познати, но се очекува да бидат од „VW ID.6“ со капацитет од 77 kWh. Во моделот на „Volkswagen“, батеријата обезбедува автономија од близу 590 километри, според конечниот стандард за мерење „NEDC“.

Повеќе детали за „Audi Q5 e-tron“ ќе бидат познати по премиерата, а овој автомобил ќе пристигне во продажните салони во Кина кон крајот на годината. Се претпоставува дека нема да се извезува од таа земја, а за клиентите во Европа и САД, „Audi“ подготвува малку полуксузен „Q6 e-tron“ во иста класа, кој ќе пристигне на пазарот во втората половина на 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП