20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАОбјавена нова корона-карта: Се повеќе европски земји во темноцрвената зона (ФОТО)

Објавена нова корона-карта: Се повеќе европски земји во темноцрвената зона (ФОТО)

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) ја ажурира корона-картата секој четврток.

Ова е најважната мапа за коронавирус во Европската унија, според која земјите -членки на ЕУ усвојуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја точно според бојата која земјата ја има на оваа карта.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирано население.

Најновата корона-карта покажува дека ситуацијата во цела Европа се менува на полошо.

Хрватскиот брег е се уште портокалов. Дел од Словенија се промени од зелена во портокалова зона.

Шпанија во моментов има само еден регион кој не е во темноцрвена боја. Делови од Франција станаа црвени, па сега има само еден регион кој е се уште портокалов.

Портокаловата во моментов е доминантна боја во Италија. Во поголемиот дел од Грција сега доминираат црвената и темно црвената боја, додека само еден дел останува во портокаловата зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП