26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХакерите вратиле 260 милиони долари во криптовалути од вкупно украдени 600 милиони

Хакерите вратиле 260 милиони долари во криптовалути од вкупно украдени 600 милиони

Хакерите одговорни за една од најголемите кражби на криптовалути во историјата, вратија повеќе од една третина од украдените речиси 600 милиони американски долари, велат експертите за блокчејн.

Poly Network, децентрализирана финансиска платформа која посредува во peer-2-peer трансакции, објави вест дека е хакирана, повикувајќи се на детали за дигиталните паричници на кои биле испратени токените.

Вредноста на средствата во паричниците беше нешто повеќе од 600 милиони долари во времето на објавувањето.

Poly Network подоцна ги повика хакерите да ги вратат украдените средства на неколку дигитални адреси, велејќи дека планира да преземе правни мерки.

Блокчејн форензичката компанија Chainalysis соопшти дека се вратени околу 260,97 милиони долари во криптовалути.

Хакерите рекоа дека го извршиле грабежот за „забава“ и дека сакаат да ја покажат ранливоста на платформата пред другите да ја искористат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП