17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧудотворната билка мака, природна вијагра

Чудотворната билка мака, природна вијагра

Билката мака, со ботанички назив Lepidium meyenii содржи хормонски соединенија, кои ја поттикнуваат циркулацијата во подрачјето на карлицата, а влијае и на производството на хормоните тестостерон и естроген, па се нарекува и природна вијагра.

Мака се нарекува и перуански корен. Тоа е многу отпорна билка, црвенкаст корен сличен на ротквицата.

Коренот на мака обично се суши и така добро складиран може да трае и до седум години. Мака ја зајакнува силата, либидото и ја зголемува плодноста. Поради зголемената побарувачка, во Перу секоја година се садат се повеќе површини со оваа билка.

Се размножува од семе. По сеидбата започнува да рти во рок од пет дена. Созрева за осум месеци.

Мака ги ублажува симптомите на менопауза и хормонските пореметувања, го лекува стерилитетот кај мажите, бидејќи го зголемува производството и подвижноста на сперматозоидите. Ја зајакнува сексуалната моќ и го отстранува хроничниот замор.

Мака не смее да се консумира за време на бременост и доење. На пазарот може да се најде во облик на прав, во капсули или свежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП