30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВи недостасува јод? Овие намирници ќе ви помогнат да го надокнадите!

Ви недостасува јод? Овие намирници ќе ви помогнат да го надокнадите!

Повеќето од луѓето кога ќе се спомне здравата исхрана веднаш помислуваат на витамините, а на јодот никој не помислува. Токму јодот има витална улога во одржувањето на здравјето.

Со доволни количини на јод во исхраната нема шанси да се акумулираат големи количества маснотии. Освен тоа, јодот го спречува опаѓањето на косата и го поттикнува нејзиниот раст, а придонесува и за уништување на клетките со рак.

Јодирана кујнска сол

Најзначајниот извор на јод е јодираната кујнска сол. Секогаш настојувајте да ја купите онаа со посвеж датум на пакување, бидејќи по четири месеци нејзините својства исчезнуваат.

Алги

Исклучително висок процент на јод се наоѓа во алгите. Конзумирајте ги колку што можете почесто.

Морски плодови

Морските плодови апсорбираат голема количина на јод од морињата, океаните… Особено се издвојуваат школките, шкампите, и белата риба како бакаларот.

Мисиркини гради

Мисиркините гради, исто така, се богат извор на јод, но под услов животното здраво да се хранело, а не со помош на вештачки додатоци.

Ореви

Особено младите зелени плодови од оревите се одличен извор на јод. Младите ореви може да ги ставите во тегла мед и на тој начин да ги конзумирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП