29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО ќе испитува три нови лекови против Ковид-19

СЗО ќе испитува три нови лекови против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека ќе се изврши клиничко испитување на три антиинфламаторни лекови во 52 земји како потенцијални третмани за пациенти со Ковид-19.

Минатогодишното истражување покажало дека од избраните лекови, само кортикостероидите биле ефикасни против тешка и критична форма на коронавирус.

„Независната група експерти ги избра ‘артесунат’, ‘иматиниб’ и ‘инфликсимаб’ поради нивниот потенцијал да го намалат ризикот од смрт кај хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19“, се вели во соопштението на СЗО.

„Aртесунат“ се користи против маларија, „иматиниб“ против одредени видови рак и „инфликсимаб“ за болести на имунолошкиот систем, како што е ревматоиден артритис, соопштија експертите.

СЗО објави дека „артесунат“, произведен од индиската фармацевтска меѓународна компанија „Ипка“, ќе се користи интравенозно седум дена, во препорачаната доза, како и за третман од маларија.

„Иматиниб“, произведен од мултинационалната швајцарска фармацевтска компанија „Новартис“, ќе се администрира орално еднаш дневно во тек на 14 дена, а „инфликсимаб“, произведен од „Џонсон и Џонсон“, ќе се администрира интравенозно како единична доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП