19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд почетокот на јули околу 25 милијадери во Кина загубиле вкупно 87...

Од почетокот на јули околу 25 милијадери во Кина загубиле вкупно 87 милијарди долари

Некои од најбогатите кинески индустријалци загубија вкупно 87 милијарди долари од нивното лично богатство како резултат на регулаторните мерки преземени од Пекинг, објави „Insider“, повикувајќи се на пресметки на „FТ“.

Вкупното богатство на околу 25 кинески милијардери опадна за 16% откако кинеската влада ја започна кампањата против компанијата „Didi Chuxing“ кон крајот на јуни.

Меѓу најпогодените е Колин Хуанг, основач на компанијата за е-трговија „Pinduoduo“, кој загуби една третина од своето богатство од 15,6 милијарди долари. Акциите на „Pinduoduo“ паднаа за околу 27% од почетокот на минатиот месец.

Основачот на „Alibaba“, Џек Ма, беше поштеден од некои од најсериозните загуби неодамна, но ова делумно се должи на фактот дека неговото богатство опадна во претходните акции на кинеските власти во ноември против групата „Ant“, финансиската поделба на „Alibaba“. Ма има загубено 2,6 милијарди долари од почетокот на јули, но загуби 13 милијарди долари од ноември.

Во меѓувреме, некои кинески бизнисмени имаа корист од регулаторните мерки. Жонг Шаншан, кој раководи со компанијата за флаширана вода „Nongfu Spring“ веќе е најбогатиот човек во Кина со лично богатство вредно 72 милијарди долари, или 5 милијарди долари повеќе отколку на крајот на јуни.

Богатството на водечките кинески индустријалци во автомобилската индустрија и производството на обновлива енергија, исто така, се зголемија во последниве месеци.

Најголеми загуби претрпуваат кинеските милијардери од технолошката индустрија. Исто така, погодени се и милијардери во секторите за недвижности и здравствена заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП