3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродала акции на Фејсбук за 91 милион долари

Продала акции на Фејсбук за 91 милион долари

seril

Главната оперативна директорка на друштвената мрежа „Фејсбук“, Шерил Сендберг продала акции од компанијата во вредност од 91 милион долари.

Продажбата на 2,37 милиони хартии од вредност на „Фејсбук“, Сендберг ја извршила на седми август, само два дена откако вредноста на акцијата за прв пат по јавната иницијална понуда во мај 2012-та година ја надмина почетната цена од 38 долари по акција.

Сендберг минатата година продала повеќе од седум милиони акции со вкупна вредност од 221,5 милиони долари или околу 12 проценти од својот удел во корпорацијата.

Во текот на оваа година вредноста на акциите на „Фејсбук“ (2,43 милијарди акции) порасна за 44 проценти. Аналитичарите растот на цената на акциите го поврзуваат со зголемената продажба на рекламите на мобилните уреди.

Моменталната вредност на акција на „Фејсбук“ на берзата е 38,23 долари, а капитализацијата изнесува 93,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП