20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва се 10-те најпродавани модели на автомобили во Европа во јуни

Ова се 10-те најпродавани модели на автомобили во Европа во јуни

Според податоците објавени од JATO Dynamics за 26 европски пазари, во јуни се регистрирани 1.268.683 нови патнички возила во Европа, што претставува зголемување од 13% во споредба со јуни 2020 година. Меѓутоа, покрај повисоката продажба, стапката на закрепнување на пазарот значително забави кога ќе го земете во предвид растот што беше постигнат од март до мај годинава.

Речиси 1,27 милиони продадени возила во јуни претставуваат значително помал број во споредба со 2019 година, кога во истиот месец беа продадени 1,47 милиони автомобили. Според експертите од JATO Dynamics, условите на пазарот не се идеални и целосното закрепнување е далеку, и се уште е неизвесно дали бројот на продадени автомобили повторно ќе достигне нивоа пред пандемијата. Кога ќе ја погледнете вкупната продажба во првите шест месеци од оваа година, имаше раст од 27% во споредба со 2020 година, но и 23% помала продажба во споредба со 2019 година.

Електричните автомобили и хибридите со плаг-ин забележаа значителен раст и сега сочинуваат дури 18,5% од сите продадени автомобили. За споредба, минатата година тие учествуваа со само 8,2% од пазарот. Во однос на продадените модели, Volkswagen Golf продолжува да доминира со 27.247 продадени примероци во јуни, со пазарно учество од 2,15%.

На второ место е „Тесла Модел 3“ со 25.697 продадени примероци, а овој електричен автомобил беше најпродаван во Австрија, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство. Растот на продажбата на овој модел е импресивен, поточно 129% во споредба со 2019 година и дури 262% повеќе од бројките од јуни минатата година.

На високото трето место е „Дачија Сандеро“, чија нова генерација значително придонесе за популаризација на овој модел низ цела Европа. Во првите пет се уште два градски модели, „Рено Клио“ и „Фиат 500“. „Тојота Јарис“ е шести најпродаван модел, а овој модел од јапонскиот производител забележа поголема продажба во споредба со периодот пред пандемијата. Следен на листата е „Фолксваген Т-рок“, а со само неколку стотици примероци помалку, „Опел Корса“ е на осмото место. „Рено Каптур“ забележа пад на продажбата во споредба со минатата година, но сепак се наоѓа во 10-те најпродавани модели, а последниот автомобил на оваа листа е „Фолксваген Поло“.

1.VW Golf 27.247

2.Tesla Model 3 25.697

3.Dacia Sandero 22.764

4.Renault Clio 22.254

5.Fiat 500 22.179

6.Toyota Yaris 21.698

7.VW T-Roc 21.576

8.Opel Corsa 21.124

9.Renault Captur 20.168

10.VW Polo 18.789

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП