19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСАД ќе отворат доверливи документи за нападите на 11 септември

САД ќе отворат доверливи документи за нападите на 11 септември

Американското Министерство за правда повторно ќе ги отвори тајните владини документи за нападите на Ал каеда на 11 септември 2001 година, со намера на јавноста да ѝ даде повеќе информации за настанот.

Овој потег следуваше откако членовите на семејствата на речиси 3.000 жртви на нападите побараа поконкретна акција од претседателот.

Во пресрет на 20-годишнината од нападот членовите на семејствата на жртвите бараат претседателот Џо Бајден да ги декласифицира доверливите документи за кои тие тврдат дека ќе покажат оти лидерите на Саудиска Арабија ги поддржале нападите.

Тие заедно со преживеаните од нападите во петокот објавија писмо во кое му порачаа на Бајден доколку не ги отвори документите, да не доаѓа на одбележување на годишнината од нападот.

Членовите на семејствата на жртвите од 11 септември веќе долго време бараат документи од американската влада во врска со тоа дали Саудиска Арабија помогнала или финансирала некое од 19-те лица поврзани со Ал каеда, кои ги извршија разорните напади.

На 11 септември 2001 година припадници на Ал каеда соборија три патнички авиони во два облакодера на Светскиот трговски центар и во зградата на Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион, за кој се претпоставува дека бил насочен кон зградата на Капитол, удрил во поле во Пенсилванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП