24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз највисок од февруари 2020-та

Германскиот извоз највисок од февруари 2020-та

Германскиот извоз достигна нивоа од пред пандемијата во јуни, благодарение на заздравувањето на светската економија, објави во понеделникот статистичката служба.

Извозот беше 1,1 отсто поголем во јуни отколку во февруари минатата година, непосредно пред почетокот на пандемијата што предизвика остар пад на активноста во светската економија, објави „Дестатис“.

Споредбата со претходниот месец покажува раст на извозот од 1,3 проценти, на 118,7 милијарди евра, откри германската статистика. На годишна основа, скокна за речиси една четвртина.

Увозот, пак, порасна за 0,6 проценти во споредба со мај, на 102,4 милијарди евра. На годишна основа, исто така, се зголеми за речиси една четвртина.

Податоците за првата половина од годината покажуваат скок на извозот за 16,7 проценти на годишна основа, а речиси ист процент раст е забележан и кај увозот.

Така германскиот извоз го надмина нивото пред пандемијата во јуни, но компаниите сега се соочени со проблеми во снабдувањето, истакнува агенцијата ДПА.

Дури 64 проценти од клучните германски индустриски компании во анкетата на економскиот институт „Ифо“ изјавија дека имаат проблеми со снабдувањето и испораката на стоки, што го загрозува нивното производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП