23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската економија е многу близу до нивото пред пандемијата

Француската економија е многу близу до нивото пред пандемијата

Француската економија беше само еден до 1,5 проценти под нивото пред пандемијата во јули, објави во понеделникот централната банка.

Активноста во секторите за производство и услуги беше стабилна во јули, според „Banque de France“, која собра податоци за истражувањето од 22-ри јули до 4-ти август.

Бизнис лидерите во индустријата укажуваат на континуиран пораст на цените на суровините, иако нешто поблаг отколку во јуни, а услужниот сектор нагласува значително подобрување во угостителската индустрија благодарение на олеснувањето на тогашните анти-пандемиски мерки.

И услужниот сектор и индустријата очекуваат стабилно ниво на активност и во август, со исклучок на угостителите кои предвидуваат пад со оглед на новите мерки за контрола на пандемијата, како што е здравствената дозвола, воведени оваа недела.

Баровите и рестораните прифаќаат гости само со здравствени уверенија, потсетува „Ројтерс“.

Француската доминација се зголеми за 0,9 проценти во вториот квартал од претходните три месеци, објави статистичката служба во јули.

Владата постави стапка на раст од шест проценти за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП