6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi го враќа новиот Outlander во Европа

Mitsubishi го враќа новиот Outlander во Европа

Јапонскиот производител „Mitsubishi“ ја разгледува можноста за продажба на новата генерација на „Outlander“ во својата хибридна верзија на европските пазари, пренесува „BestCarWeb“, повикувајќи се на свои извори.

Минатата година, компанијата објави дека ги повлекува повеќето од своите производи, вклучувајќи го и „Outlander“, од европскиот континент. Така, таму сега се достапни само хечбекот „Space Star“, кросоверот „Eclipse Cross“, „ASX“, пикапот „L200“ и другите непродадени единици на „Outlander PHEV“.

Сега, сепак, раководството на „Mitsubishi“ се подготвува да ја преиспита оваа одлука со лансирање на новиот „Outlander“ во неговата хибридна верзија во Европа. Следната генерација на моделот ќе се појави во Јапонија кон крајот на годината, а продажбата во САД ќе започне во 2022-ра година.

Сегашната генерација на кросоверот беше доста успешна на Стариот континент, а тој стана најпродаваниот хибрид. Во 2020-та година, дилерите на марката продадоа повеќе од 26.000 единици на моделот, што ги натера шефовите на јапонскиот производител да ја преиспитаат својата одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП