19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапуваат вакцините против Ковид-19 бидејќи се појавија докази за нивната ефикасност

Поскапуваат вакцините против Ковид-19 бидејќи се појавија докази за нивната ефикасност

Наместо да паѓаат, цените на вакцините растат иако производителите го зголемија капацитетот и го диверзифицираа производството. Ова првенствено се однесува на „Фајзер“ и „Модерна“.

Компанијата „Модерна“ во четвртокот објави дека нејзината вакцина против Ковид-19, шест месеци по втората доза, е околу 93 проценти ефикасна. Податоците по шест месеци исто така покажуваат дека вакцината на „Модерна“ сѐ уште обезбедува заштита од тешки форми на болеста во 98 % од случаите, а исто така била 100 % ефикасна во спречувањето смртни случаи.

Сепак, „Модерна“ проценува дека пред зимската сезона, ќе биде неопходна трета т.н бустер (засилувачка) доза бидејќи се очекува дека количеството антитела кај вакцинираните сепак ќе се намали.

Податоците на „Модерна“ се малку подобри од податоците за вакцината на компаниите „Бионтек“ и „Фајзер“ објавени една недела порано. Ефикасноста на нивната вакцина се намалува речиси шест проценти на секои два месеца, а по половина година од втората доза, беше околу 84 проценти.

Дозите на двата вида вакцини се слични, но не се идентични. На „Модерна“ содржат 100 микрограми вакцина, а на „Фајзер“ 30 микрограми.

„Нашата вакцина проти Ковид-19 покажува трајна ефикасност од 93 проценти по шест месеци, но забележуваме дека делта-сојот е нова и значајна закана и мора да бидеме внимателни“, рече еден претставник на „Модерна“.

Компанијата наведува дека во новите испитувања тројца кандидати за третата доза предизвикале силна реакција на антитела на неколку варијанти на вирусот, вклучувајќи ги и типовите гама, бета и делта.

За трета доза се залагаат и во „Фајзер“ и имаат намера да побараат одобрување за тоа на крајот на овој месец. Некои земји, како што се Израел и Германија, почнаа или планираат да почнат да даваат трети дози на стари лица или на особено ранливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП