4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо изненадувачкиот висок раст на профитот, „Allianz“ стана поголем оптимист

По изненадувачкиот висок раст на профитот, „Allianz“ стана поголем оптимист

Германскиот осигурител „Allianz“ објави повисок од очекуваниот раст на нето добивката (46%) за вториот квартал и претстави „посветла“ прогноза за целата година, бидејќи се опорави од деловните притисоци предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Нето добивката на акционерите изнесуваше 2,225 милијарди евра (2,60 милијарди долари) во трите месеци до јуни. Една година претходно, таа изнесуваше 1,528 милијарди евра. Податоците ја надминаа консензусната прогноза од 2,055 милијарди евра, пренесува „Reuters“.

Пооптимистички за перспективите за оваа година, компанијата рече дека сега очекува оперативниот профит во 2021-ва година да биде во горната половина од опсегот помеѓу 11 милијарди и 13 милијарди евра.

„Уверени сме за втората половина на 2021-ва година“, рече Џулио Терзариол, главен финансиски директор на компанијата.

Минатата година, осигурителот одби да постави цел за профит поради економската неизвесност предизвикана од пандемијата и го објави својот прв пад на оперативниот профит во скоро една деценија.

„Allianz“, како и другите осигурителни компании, имаше многу клиенти кои поднесоа тужба за нарушување и откажаа настани поради блокадите, додека побарувачката за автомобилско и патничко осигурување опадна.

И како уште еден знак за враќање на вообичаените времиња за осигурителната група, „Allianz“ ги објави своите планови за откуп на акции до 750 милиони евра до крајот на годината, откако минатата година го откажа откупот поради пандемијата.

Покрај тоа, „Allianz“ даде малку повеќе детали за истрагата на американското Министерство за правда за загубите во својата единица за управување со фондови.

Сега стана јасно дека Министерството за правда исто така побарало „информации од некои сегашни и поранешни вработени на „AllianzGI“ во Соединетите држави“.

Осигурителот ја повтори својата соработка со властите, како и со истрагата на Американската комисија за хартии од вредност (SEC), започната минатата година.

Истрагите на министерството и „SEC“ следуваат по тужбите на американските инвеститори за загуби од речиси 6 милијарди долари во средства од германската компанија, велејќи дека „Allianz“ не ги заштити нивните инвестиции за време на кризата со коронавирусот.

Групата има завршено неколку големи програми за откуп од 2017-та година, трошејќи вкупно 8,25 милијарди евра за купување на сопствени акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП